Ненадеjно, на 54 годишна возраст, вчера, ( 27 април) почина Тони Петрески, поранешен кандидат за градоначалник на општина Прилеп од СДСМ.
Петрески работеше во Министерството за одбрана како раководител на Сектор за цивилно-воена соработка со регионални центри за одбрана.
Тој беше кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Прилеп во 2009 година. Во изминатите години Петрески беше еден од водечките луѓе на партијата во Прилеп.
– Нашиот драг пријател, другар и соборец, Тони Петрески, денес отпатува во вечноста. Тони беше посветен сопруг и татко, праведен и посветен социјалдемократ, синоним за Општинската организација на СДСМ Прилеп. Од првиот ден на основањето на Општинската организација, секогаш во првите борбени редови на партијата, искрен патриот, борец за правичност и правда. Заедно водевме многу битки. Победувавме и се радувавме, губевме и тагувавме. За огромен жал на сите нас, неговите партиски другари, но најмногу на неговото семејство, Тони ја загуби последната, најважната битка. Општинската организација на СДСМ Прилеп упатува најдлабоко сочувство до неговото семејство. Почивај во мир, драг наш другар Тони, порачаа од општинската органзиација.