Биенвену Летуни, 224 сантиметри високиот кошаркар на шпански Хувентуд, почина на 28. годишна возраст. Оваа информација, ја потврди клубот преку соопштение. Интернационалецот од Конго беше доведен во Хувентуд уште во 2009 година, кога ги импресионира со својата висина и со забивањата без да се одрази од земја.

Своевремено е нотирана здравствената состојба на младиот кошаркар кој не успеа да се етаблира како професионален кошаркар на највисоко ниво, и неговите проблеми со срцето, но тоа очигледно е занемарено и ингорирано.