Едно лице го загуби животот, а три се повредени во инцидентот што се случи околу 18 часот во заливот Траште, на карпите меѓу заливот Пржно (Син хоризонт) и населбата Марина на туристичкото место залив Луштица кај Тиват, во Црна Гора.

Според неофицијални информации, младо лице (31 година со идентитет П.М.) се удавило во брановите подигнати од силниот јужен ветер, а три лица се повредени – најверојатно кога брановите ги фрлиле на карпите на брегот.

Помош за повредените пружила екипа на Службата за вонредни ситуации од комплексот Луштица Беј, која и покрај многу тешките услови на море, успеале да го извадат телото на удавениот.

За инцидентот била информирана и Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа на Црна Гора (УПСУЛ), која ги координирала напорите на спасувачките служби.

Инаку, УПСУЛ денеска имале дури пет акции за спасување на капачите на Велика плажа во Улцињ, чии животи биле загрозени поради невнимание и непочитување на црвените знамиња кои биле истакнати на плажите за капачите поради опасноста предизвикана од големите бранови и силниот јужен ветер, објави српски Блиц.