Авион во кој имало две лица и кој се борел со шумски пожари во Грција се сруши денеска, соопшти противпожарната бригада.

Несреќата се случила на островот Евија, а била снимена во програма на државната телевизија каде што било прикажано како леталото исчезнало во кањонот. Неколку моменти подоцна на тоа место е забележан оган и густ чад, јавува Би-Би-Си.

– На видеото се гледа како авионот испушта вода, врти десно и губи висина. Непосредно пред десното вртење се чини дека удри во гранка и го изгуби дел од десното крило. Очигледно ова е механички дефект бидејќи леталото продолжува да ја губи висината и не може да се искачи преку клисурата, јавуваат грчките медиуми.

Трет по ред топлотен бран во Грција ја подигна температурата над 40 ептен во делови од земјата, по неколкуте евакуации поради пожарите кои беснеат со денови и тешко се ставаат под контрола.

Последните наредби за евакуација беа издадени на островите Крф и Евија, додека пожарот на островот Родос продолжи да се шири во внатрешноста, горејќи планински шумски области, вклучително и дел од природен резерват.