Ветеранскиот фудбалски турнир „Belgrade Open Hearr“ требаше да биде настан на кој ќе се соберат играчи од различни европски земји, но за жал оваа манифестација беше прекината поради трагедија, објавија пред малку српските медиуми.

За жал, по еден од натпреварите, еден играч почина, јавуваат белградските медиуми.

– По еден натпревар, почина човек роден во 1975 година, објави Блиц.рс.Турнирот беше прекинат пред четвртфиналето.

На турнирот учествуваа ветерани од дури осум земји. Учествуваа претставници од Србија, Англија, Португалија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина, Македонија и Бугарија.

Дури и две репрезентативни селекции на ветерани од Англија играа на турнирот, а турнирот се играше во две категории: 34 плус и 50 плус.

Организатори на турнирот се ФК Таурунум Ветерани, а голема поддршка обезбеди Фудбалскиот сојуз на Белград. Турнирот се игра во формат 11 на 11, а сите натпревари беа закажани да траат 30 минути.