Едномесечно бебе почина утрово во семејниот дом во Пула, јавуваат хрватските медиуми, пренесува Гласот на Истра.
Loading...
Во 6 часот и 55 минути, полициската управа во Истар добила пријава од Итна медицинска помош дека се на улицата Томасини во Пула, каде се обидуваат да реанимираат бебе.
И покрај напорите на лекарите, на бебето родено пред нешто повеќе од еден месец, за жал повеќе не можело да му се помогне, па било констатирано дека е мртво.
Loading...
Полицијата утврдува што всушност се случило.