Скопјанец на возраст од 44 години се удави откако отишол да се капе во Охридското Езеро, во близина на Поградец.

Несреќата се случила околу 18 часот, во село Удениш, а жртвата е со иницијали Ј.С.

Од прелиминарното вештачење на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство, па сомнежот е дека добил срцев удар.

И претходните години имаше слични трагедии во Охридското Езеро. Меѓу жртвите имаше жители на Скопје, Охрид, Куманово и други градови од различни возрасти.