Драган Лабовиќ, поранешен кошаркар на Карпош Соколи и српски репрезентативец, почина ненадејно на 38-годишна возраст од срцев удар.

Тој беше еден од најталентираните српски и европски кошаркари на својата генерација, а играјќи во ФМП, се здоби со статус на сениорски претставник на Србија на Европското првенство во 2007 година.

Сепак, Драган Лабовиќ (роден во 1987 година) не го достигна нивото предвидено од експертите. Откако ја заврши кариерата на 32-годишна возраст, тој, како што рече, „го допре дното“ и заврши во ментална болница .

Лабовиќ остави голема трага во македонската кошарка. Како член на Карпош Соколи го водеше тимот до финалната серија со МЗТ Скопје и му го донесе трофејот во Купот на Македонија.

Некогаш беше голема надеж на српската кошарка, но зад него стојат голем број скандали и полемики. Лабовиќ на крајот на 2021 година претепа таксист во Белград, а потоа му го украде автомобилот, замина во градинката каде работи мајка му и таму направил проблеми.

Веднаш беше приведен и беше поднесена кривична пријава, а потоа заврши во психијатриска болница. Драган Лабовиќ се појави на подкастот „Јој Миле“ години подоцна, пред само неколку месеци и навистина повеќе не личеше на себе.

„Толку сум отфрлен од општеството, имам проблем да најдам работа некаде. Едноставно, луѓето ме гледаат лошо… Луд сум, но не толку. Требаше да завршам факултет, барем ќе имав плата 60.000 и ќе се навикнев на тоа. Не како ова, очекуваш куќи, вили, градови, нахрани го еден, втор трет… на крај остануваш на улица. И завршуваш во лудница – Лаза Лазаревиќ“, рече Лабовиќ во подкастот.

Лабовиќ зад себе имаше богата кариера, која ја мина претежно во руските клубови, а остана запаметен и додека настапуваше за ФМП, каде што беше најдобар стрелец во АБА лигата во 2009 година, што беше причина за неговиот трансфер во Франкфурт. За Карпош Соколи настапуваше од 2016 до 2017 година.