Телото на Ивана Ѓ. од Подгорица (30), чие исчезнување било пријавено на 11 март, е пронајдено денеска, велат за „Вијести“ од Полициската управа.
Данило Мијајловиќ од Регионалниот нуркачки центар претходно за весникот потврди дека телото е пронајдено на оддалеченост од два километри од Вуковачкиот мост.
– Телото е преземено од надлежните служби за понатамошна обработка и идентификација, рече тој.
Телото на четиригодишното дете од Подгорица, син на Ивана Ѓ. пронајдено беше на 22 март на истекот на Цијевна во Морача, над Вуковачкиот мост.
Loading...
На 11 март, членови на семејството го пријавиле исчезнувањето на Ивана Ѓ. и нејзиното дете во дежурната служба на Одделението за безбедност во Подгорица.
Loading...