Срцето на Џена од Какањ не издржа, не успеа да се избори со тешката состојба во која заврши по операција во приватната клиника „Бајтовиќ“. На девојчето му беше вградена пластика во окото, која телото не ја прими, а по зафатот со цел отстранување на пластиката кој го извела д-р Нина Јовановиќ, која немала лиценца од Лекарската комора, Џена не се разбуди од кома, па во тешка состојба беше префрлена на КЦУС.
Босанските медиуми внимателно го следат случајот и се бара соодветна казна за виновникот. Новинарите на „Аваз“ го посетија семејството на малата Џена Гаџун од Какањ.
-Дома ги затекнавме родителите, како и други членови од семејството, и неколку ученици, наставници и директорот на училиштето каде што одат браќата на девојчето, пишува Аваз.
Да потсетиме, Џена почина пред два дена поради компликации стекнати за време на операцијата во Сараево. Судбината на малата Џена ја растажи босанската, но и целокупната регионална јавност, која бара одговори и бара правда. Сакаат да го најдат виновникот и да бараат соодветна казна за истиот.
Пред ординацијата „Бејтовиќ“ во Сараево вчера беа организирани мирни протести, а како што беше соопштено на групата „Гласот на народот во БиХ“, во договор со семејството ќе се одржат протести и во Какањ.
Нермин Сарајлиќ, форензичар, за порталот „Аваз“ изјави дека обдукцијата на телото на две и пол годишната Џена Гаџун е завршена.
Како што вели тој, обдукцијата завршила.
– Земени се дополнителни мостри и сега ги чекаме резултатите, изјави Сарајлиќ за „Аваз“.
Обдукцијата ја нареди Обвинителството, а се очекува истата да ја покаже точната причина за смртта на девојчето.
Мурис Гаџун, таткото на Џена за порталот „Аваз“ утрово изјави дека не знае кога ќе биде погребот на девојчето, бидејќи обдукцијата на неговата ќерка не била завршена.
– Се уште ништо не знаеме бидејќи обдукцијата не е завршена. Така бев информиран и чекаме се. Не не’ повикаа од Обвинителството. Никој ништо не знае – вели Мурис.
Тој тврди дека ниту еден од лекарите кои ја оперирале малата Џена во приватната клиника Бејтовиќ не ги ни контактирал за да им изрази сочувство.
-Д-р Нина Јовановиќ пред само два дена и’ испрати порака на мојата сопруга во која напиша дека изразува сочувство. Тоа е се. Никој ништо не кажа – вели Гајун.
📸
📸
📸