Три матурантки од Шестата белградска гимназија биле приведени во полициската станица во Звездара на 27-ми мај, по еден срамен инцидент што го направиле на матурската прослава, пишува Телеграф.рс.

Се започнало кога од училиштето дошол повик до полиција дека во дворот има две сомнителни млади момчиња кои не се нивни ученици. Полицијата ги отстранила, а кај еден од нив забележан е црвен факел зад појасот.

Меѓутоа, додека младите момчиња биле отстранети, следело запрепастувачкото однесување на неколку девојки.

– Како што дознаваме, две матурантки почнале да се расправаат и туркаат, а потоа ги нападнале полициските службенички, кои прво ги предупредиле да се смират, а кога една полицајка дошла да ги раздели, таа била удирана со тупаница во близина на окото, пишуваат српските медиуми.

Потоа на местото на настанот излегла Единицата за интервенции на полицијата. Матурантката која ја удрила службеничката била сместена во полициско возило, што дополнително ја налутило, па пцуела и викала:

„Пи*ки џандарски, ќе ви е*ам мајката, ќе видите вие кого приведувате. Не знаете вие кој ми е мене татко“

Драмата не завршила тука, со автомобил се приближиле нејзините две другарки и почнал нов напад. Двете отвори врати и почнале да ги влечат полицајците по реверите.

Едната од нив викала: „Ќе ви е*ам мајката, пуштете ја мојата другарка“.

Другата продолжича со истиот речник и закани: „Копилиња, знаете ли кој е татко ми, сега ќе дојде и ќе ви е*е мајката на сите, ќе видите кој е“. Припадниците на Единицата за интервенции ги внеле во полициските автомобили и сите три се приведени во станица.

Директорот на Шестата белградска гимназија Радисав Милиќ изјави дека инцидентот се случил во паркот пред театарот Звездара, а матурската прослава поминала без инциденти.

– Во училишниот двор на Шестата белградска гимназија, по завршувањето на наставата, се одржа кратка прослава на матурантите при која немаше инциденти, а класните раководители и десетина дежурни наставници, како и членовите на полицијата се погрижија за тоа. Немаме прецизни информации за инцидентот во паркот пред театарот Звездара, за кој имате одредени информации, бидејќи сите бевме во училишниот двор и имаме само индиректни информации дека имало инцидент и полициска интервенција. Очекуваме пријава од полиција и потоа ќе можеме да ви кажеме повеќе – изјави Милиќ.