Украинскиот разузнавач Кирило Буданов тврди дека имало обид за атентат на рускиот претседател Владимир Путин.

Вели дека тој се случил во февруари. Разузнавачот тврди дека рускиот претседател го нападнале претставници од кавкаскиот регион, кој се наоѓа меѓу Црното и Каспиското Море. Но, како што додева, досега не се презентирани докази.

„Ова е информација што не е јавна. Тоа беше апсолутно неуспешен обид, но навистина се случи. Тоа беше пред околу два месеци. Немаше публицитет за овој настан, но се случи“, рече Буданов.

Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Војната уште трае. Засега нема договор за прекин на конфликтот. Русија планира делови од Украина да ги припои кон својата територија.