По долга потрага во шумата, Го убија Заев! Конечно! Македонија е слободна. Само малку мртва. Можеби малку повеќе. Јас би рекол-скроз.
Резултатите од локалните избори го означуваат крајот на историското време за Македонија.

За македонскиот државен и национален проект. Вие мислите дека ова се само едни избори. Независно од резултатите. Обаче- не. Таква е нивната реална и симболичка импликација.

Ова не беа политички избори, туку самоубиство со предумисла. Некои луѓе се шокирани и поразени. Сакам да ги утешам: Денеска е изведено ослободувањето од Македонија (Наслов на мојата последна книга).

Јас тоа така го доживувам. Немам повеќе обврска. Да ја е*ам или на друг начин да се занимавам со неа. Ниту под разно.

Медиумската тортура и вморонската фиксација и ги одзедоа на нацијата деловните способности да носи рационални одлуки. Власта е виновна за многу работи, но нема работа која може да го објасни овој резултат.

Обратно. Распаметената нација денеска реши да испие цела шака апчиња за смирување и да си седи дома. Или да екслодира со вморонските екстази од глупост.

Да ја казни единствената граѓанска, европска, модерна опција на слободата и пристојноста. Да ја урне својата Фиренца. Европа ги изневери демократските сили во Македонија и директно влијаеше врз подемот на неонацистите и будалите.

Од блокадата на Макрон, до блокадата на Софија. Сигурен сум дека ќе има притисоци владата да остане. Заев поднесе оставка во владата и во сдсм. Тоа е неповторлив морален гест (втора оставка како премиер).

Но, јас мислам дека моралниот пресврт може да се случи само ако владата побара изјаснување во Парламентот. Со идеја да падне.
Не да остане.

Ова е нереално реално исцртување на општото расположение во рамките на кое не е можна никаква политика надвор од критериумите на кретенизмот.

Според тоа, треба да им се препуштат сите полуги на власта. На моите комшии од Зелениково. На тие за кои денеска граѓаните гласаа плебисцитарно. Разумните луѓе знаат дека е тоа голем ризик, но уште поголем ризик е да ја оставиме Македонија да не дави. Јас сум поразен. И тажен. За судбината на една идеја. За поразот на модерноста, на европскоста. На животот. Луѓето гласаа против макар што трубеа дека и тие го сакаат тоа што го сакам јас.

Курац фини, народе мој. Вие си ги сакате морковите на знамето, а јас ги сакам во супа. Вие си го сакате старото име, а јас си го сакам моето. Хахаха! Нема расправа. Така сакавте, така нека ви биде. Убави идиоти одбравте. И убави стази. Кон бездната.

ФБ статус на Бранко Тричковски