– Член 93 од Уставот на Македонија: Оставка на претседателот на Владата ПОВЛЕКУВА ОСТАВКА НА ЦЕЛА ВЛАДА! АИРЛИЈА НАРОДЕЕЕ!, напиша на својот ФБ профил професорката по уставно право Тања Каракамишева- Јовановска.
Претседателот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев вечерва поднесе оставка од двете функции. На прес-конференцијата во седиштето на партијата Заев им честиташе на политичките опоненти на изборната победа и истакна дека ја презема одговорноста за лошите резултати од изборите.
Тој останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори, бидејќи, како што рече, престојат две и пол одлични и неповтроливи години за државата од кои корист ќе има целиот народ и држава.
– Ќе останам периодов додека треба, за да помогнам, да се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено, рече Заев.