Страшното невреме кое вечерва го зафати Нови Сад, за жал однесе и детски живот. Девојче (12) било пронајдено без знаци на живот на улицата „Вук Мандушиц“ број 34.

– Тропала на прозорецот на тетка ѝ кога наеднаш се струполила. Истрчавме да ѝ помогнеме, но немаше начин да ја спасиме. Живее неколку улици подалеку со своите родители. Немала видливи повреди по телото – вели еден од соседите.

Како што се дознава, лекарите од итната помош констатирале смрт во 21 часот и 45 минути, а била наредена итна обдукција.

Се уште не е познато како девојката се повредила. Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.