Знам точно кога започнува 3-та светска војна. И тој датум не е далеку, објави на својот TikTok профил корисник кој се претставува како патник низ времето од 2671 година.

Претходно, тој ги предупреди своите речиси половина милион следбеници за доаѓање на вонземјаните, отворањето портали за други димензии, природните катастрофи и непогоди…

– Третата светска војна ќе започне некаде на крајот на 2025 година. Тоа ќе биде предизвикано од руски напад врз членка на НАТО – изјави корисникот по име Ено Алариц.

Дали постои живот надвор од нашата планета, го прашал друг корисник на TikTok, а овој самопрогласен патник низ времето имал подготвен одговор.

– Да постојат. Тие веќе пристигнаа на Земјата за да го вратат она што им припаѓа…

Тој исто така тврди дека има машина за патување низ времето на строго чувана локација, до која тој и уште четворица други патници низ времето имаат пристап. Претходно тој предупреди дека огромно цунами ќе го погоди Сан Франциско и целосно ќе го уништи…

Повеќето од неговите следбеници на TikTok признаваат дека навистина не веруваат во ништо од објавите на Алариц, но дека ваквите содржини ги забавуваат, па постојано се враќаат.

Сепак, многу мал број корисници на оваа социјална мрежа веруваат дека Алариц навистина пристигнува од 2671 година.

– Отсекогаш верував дека е можно и дека тоа го кријат од јавноста – пишува еден „огнен“ обожавател на овој „мистериозен патник низ времето“…