Со брза и ефикасна акција, припадниците на МВР, УКП, Службата за сузбивање на криминалот, Специјалната антитерористичка единица, преговарачкиот тим и ПУ Нови Сад, го уапсија Д.Ж. (20), кој е обвинет дека со вооружена закана од стан во центарот на Нови Сад ѝ се заканил на поранешната девојка дека ќе ја убие неа, а потоа и себеси.
Се сомничи дека од семејниот дом најпрво украл службен пиштол со куршуми, појас и лисици на својот татко, кој бил полицаец, што таткото веднаш го пријавил.
Осомничениот потоа отишол во изнајмен стан, каде на дваесет и едногодишната девојка и се заканувал со смрт, а и дека ќе пука во полицајците доколку се обидат да го уапсат.
Веднаш по пријавата, припадници на МУП го однеле на безбедно место девојчето на кое му се заканувале и нејзиното семејство. Со ефикасно постапување на полициските службеници, Д.Ж. брзо бил лоциран, разоружан и уапсен, а во оваа акција нема повредени.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, кражба и загрозување на сигурноста, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен до надлежното обвинителство.