Косовската полиција уапсила тројца лекари од призренската болница поради смрт на новороденче, под сомнение дека до неа дошло поради несоодветен третман на медицинскиот персонал, пренесува Коха.
Уапсените лекари се осомничени за кривично дело „несовесно лекување“.
„Пријавителот информираше дека бебето починало неколку минути по раѓањето и се сомнева дека тоа е резултат на несоодветен третман од страна на медицинскиот персонал, стои во полицискиот извештај.
Портпаролот на призренската болница Шефајет Бериша изјави дека не бил информиран за апсењата и дека тие не се случиле во болницата.
Тој рече дека во врска со овој случај контактирал со началникот на гинеколошкото одделение, кој не одговарал на повиците на медиумите.