Манекенката која го критикуваше Владимир Путин на социјалните мрежи е пронајдена мртва, нејзиното тело било спакувано во куфер во багажникот на напуштен автомобил, пренесува Мондо.рс.

Телото на руската манекенка Грета Ведлер, која имаше само 23 години, беше пронајдено во куфер спакуван во багажникот на автомобил.

Грета беше успешна манекенка од Москва, а вниманието на јавноста го привлече минатата година, кога на социјалните мрежи напиша навреди за претседателот Владимир Путин. Грета, меѓу другото, го нарече Путин „психопат“ и рече дека „походот за унапредување на Русија ќе заврши со солзи“.

Грета исчезна еден месец подоцна, а никој не знаеше каде е цела година. Сега нејзиното тело е откриено во багажникот на автомобил, спакувано во куфер.

Грета била задавена по расправија од нејзиното момче Дмитриј Корвин (23), кој и претходно покажувал знаци на насилство и љубомора. Тој по една година истрага го призна делото и рече дека ја убил Грета по расправија за пари и дека тоа нема никаква врска со политичките ставови кои таа ги искажувала на социјалните мрежи.

По убиството, телото го спакувал во нов куфер, што ги навело инспекторите да помислат дека тој го планирал злосторството. Го ставил во багажникот и возел 300 километри понатаму до регионот Липецк, каде го оставил автомобилот.

Најподмолно е што продолжи да објавува слики и статуси на социјалните мрежи на Грета, за најблиските да помислат дека таа е уште жива.

📷

📷

📷

📷