Украинскиот парламент штотуку го одобри воведувањето на вонредна состојба, која ќе стапи на сила на полноќ низ цела Украина, освен во Донбас, каде вонредната состојба прогласена во 2014 година никогаш не престана да важи.
Според Би-Би-Си, вонредната состојба ќе започне вечерва на полноќ и ќе трае 30 дена.
Воведувањето на вонредната состојба значи дека украинската влада сега може да воведе полициски час доколку смета дека е потребно, како и дека воените резервисти повеќе не смеат да ја напуштаат земјата.
Би-би-си наведува и дека Украина планира да ја ограничи работата на „дигиталните и радио комуникациските услуги за кои владата вели дека би можеле да ја запалат ситуацијата“.
Овој потег уследи откако рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ја призна независноста на бунтовничките региони во источна Украина, каде што повеќе од 14.000 луѓе загинаа во речиси осумгодишниот конфликт. Путин го одобри распоредувањето на руските војници во регионот за да одржи мир и доби одобрение од парламентот за употреба на воена сила надвор од земјата.