Уличен забавувач загина кога се обидел да ја бакне својата кобра за време на селско шоу во Индонезија. Застрашувачкиот момент кога кобра фатално го касна Абдул Мунир (20) беше снимен на камера на правливиот терен на островот Јава во средата попладне.

На снимката се гледа кобниот момент кога Абдул и се приближил на змијата, така што двајцата се соочиле лице в лице, но кобрата ненадејно му скокнала на лицето на сред настап, држејќи го со забите за носот додека се обидувал да се оддалечи.

Абдул бил итно пренесен во локалната клиника, но токсините веќе му ги парализирале виталните органи и лекарите не можеле да го одржат во живот.

– Добивме дојава дека човек бил каснат за носот кога сакал да ја бакне главата на змијата. Му се свртело и паднал на земја пред локалните жители кои го евакуирале во здравствената служба. Жртвата починала додека била на лекување на клиниката – според началникот на локалната полиција.

Мунири почина по дваесетина минути

Полицијата соопшти дека Абдул и неколку пријатели заработиле пари изведувајќи примитивни шоуа на таканаречените шармери на змии во различни села во архипелагот. Пријателите на Абдул рекле на полицијата дека нема да го продолжат своето опасно хоби.

Кобрите се една од најсмртоносните змии во светот. Едно каснување го напаѓа нервниот систем, предизвикувајќи парализа и респираторна инсуфициенција, проследено со смрт.

Тие исто така можат да испорачаат таканаречени суви каснувања без да испуштаат отров ако сметаат дека е потребно само предупредување за да се отстрани заканата.