Националната пливачка федерација сподели тажна вест на својата официјална фејсбук-страна.

Оттаму велат дека со големо жалење и неверување ја примиле веста за прерано згаснатиот живот на нивниот колега, соработник, пријател и тренер.

„Бране беше пример на тренер и работник кој со љубов и посветеност работеше со најмладите пливачи, а истовремено воспитуваше и успеа да издигне повеќе генерации на пливачи во нашиот спорт.

Драг Бране, ќе ни недостига твојот ведар и позитивен дух и секогаш ќе те споменуваме како позитивен пример во посветената тренерска работа.

Изразуваме длабоко сочувство до семејството, пријателите и клубот Младост каде работеше. Нека почива во мир“.