Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа околу полноќ се случила на крстосницата од бул.„Видое Смилески Бато“ со сервисна улица на трговскиот центар „Лиса“.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „рено“, управуван од Т.М.(21) од Скопје и автомобил „фолксваген поло“, управуван од Д.Г.(48) од с.Стајковци, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

На местотото на несреќата починал Д.Г., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген поло“, 15 годишната ќерка на починатиот. Повредите на девојчето биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а Т.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Екипи на МВР и Јавното Обвинителство извршиле увид од каде информираат дека според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на двата автомобили.

-Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и за вештачење на примероци од крв и урина од возачот на другиот автомобил со цел да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства. Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на местото на несреќата преку системот „Безбеден град“, информираат од Обвинителството.