Трагични вести пристигнуваат од Данска – почина 19-годишниот ракометар на Силкеборг, Матијас Биркјер.

Биркјер кој беше репрезентативец на Данска изненадувачки почина после неразјаснети околности. Веста секако беше шок и ги погоди неговите блиски.

Трагичната вест беше потврдена и од ракометниот сојуз на Данска.

– Нашите мисли се со семејството на Матијас, а подоцна ќе има повеќе информации, порачаа од Силкеборг во краткото соопштение.

Покрај тоа што беше играч на кадетската репрезентација, Матијас имаше настапи и во младинската селекција на Данска.