Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон во моментов игра за Парма во Серија Б, а во мечот против Перуџа се посрамоти за сите пари.

Буфон има 45 години, а засега нема намера да се пензионира, но сепак не е во форма како од најдобрите денови и тоа го покажува неговата последна грешка.

Уште во петтата минута Перуџа постигна гол, а само минута подоцна падна и втор погодок, откако Буфон буквално им го подари на противниците.