Водителката Душица Јаковљевиќ никогаш не криела дека често прави естетски зафати, а до сега ги корегирала усните, градите и инјектирала ботокс. Душица неколку пати досега отворено зборуваше за естетските интервенции.
– Правев заби, уста и гради… Секоја жена се чувствува подобро кога ќе промени нешто на подобро. Денес имам многу поголема самодоверба затоа што сум среќна со себе. Ако некој рече дека сум изооперирана, нека бидам. Не би можела да работам на телевизија ако не исполнувам одредени критериуми – изјави еднаш Душица.
Душица неодамна откри дека и пречи кога се споредуваат нејзините фотографии од минатото и сега и дали би ги запалила старите фотографии ако може.
– Има една фотографија која кружи и е морничава, бидејќи се зависи од аголот од кој некој те фотографира, а тоа е една фотографија од некоја локална телевизија, каде што изгледам како катастрофа. Втората е кога излегував од породилиште. Секогаш имав убави заби, но ги направив тие фурнири, никогаш немав убави усни, па го средив и нив, веѓите ми се сосема други. Не ми пречи, но одвреме-навреме се вртат слики на тоа како изгледав пред и како сега. Но, она што луѓето сакаат да го видат е слика на која изгледате лошо, а потоа коментираат „погледнете ја ругобава…“ Па, добро, тоа е тоа… Сега веќе не сум. Па, немаше да работам на телевизија ако бев толку ужасна. А што значи да се биде грд денес?! Се кријат зад тастатурата и пишуваат дека некој е грд. Браво, требаше да ми кажеш…- рече Душица во емисијата „Шоуто продолжува“.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸