Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во Босна и Хервеговина на патот Бихаќ – Босански Петровац, две лица загинаа, а едно е повредено.

Порталот Краина.ба објави фотографии од местото каде што се гледаат искршените автомобили. За силината на ударот говорат фотографиите на кои може да се види дека возилата се уништени до непрепознатливост.

Кувајќанец и маж од Зеница загинаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи денеска на главниот пат Бихаќ – Босански Петровац, во градот Липа, дознава порталот „Аваз“.

Во сообраќајката учествувале две возила.

– Неофицијално, дознаваме дека очевидци изјавиле дека Кувајќанецот претекнувал по што удрил во возилото на жител на Зеница, објавуваат босанските медиуми.

Во таа прилика, човекот од Зеница починал, додека неговата сопруга е тешко повредена и лекарите се борат за нејзиниот живот.