Девет лица починаа во болница во Владикавказ на југот на Русија по дефект во цевката за кислород, објави прес-службата на шефот на регионот.

Тие изјавија дека во одделот за интензивна нега имало 71 лице, пренесе РИА Новости.

Исто така, беше објавено дека почнале да даваат кислород од резервни шишиња.