Ненадејно почина Ана Булатовиќ, ќерка на убиениот Бранко Бата Булатовиќ, поранешен генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија и Црна Гора.
Според првите информации кои ги објавуваат медиумите, таа починала на 39 -годишна возраст, како последица од срцев удар.
Пријателите се збогуваат со Ана на социјалните мрежи. Оваа тажна вест погоди многумина, а многу пријатели се збогуваат со неа на социјалните мрежи, а меѓу нив е и водителката Маријана Мишиќ.
– Анчи моја. Спиј. Те гушкам, те сакам, те сакам засекогаш …, напиша таа во описот на нивната заедничка фотографија.
Инаку, Маријана и Ана беа пријателки од основно училиште и се дружеа многу години. Во последниве години, Булатовиќ работеше како шминкерка на снимање филмови и серии, а оние што ја познаваа истакнуваат дека е прекрасна и фина личност.
– Беше прекрасна, последниве години работеше како шминкерка, рече познаничка на покојната Ана Булатовиќ.
Да потсетиме, нејзиниот татко Бата Булатовиќ беше убиен на 24 март 2004 година пред просториите на Фудбалскиот сојуз на 54 годишна возраст.
Атентатот врз Булатовиќ беше извршен околу 10:30 часот кобното утро, а потоа итно бил пренесен во Ургентниот центар. Лекарите се бореа за неговиот живот во текот на денот, но тој им подлегна на повредите. Неговото убиство не е решено до денес, потсетува Нова.рс.