Деветнаесет годишно момче кое се здоби со тешки и опасни по живот повреди во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во вторникот, почина вчера во Клиничкиот центар во Осијек, објави хрватската полиција.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, несреќата се случила помеѓу Банишевац и Облаковац, кога во еден момент поради неприлагодена брзина момчето изгубило контрола над воланот и автомобилот преминал во лентата од спротивен правец.

Тој се судрил со автомобил управуван од 41-годишник од спротивната насока. Во несреќата се повредени 41-годишен возач, неговиот сопатник (38) и двегодишното дете кое се наоѓало на безбедносно седиште за деца, а по укажаната лекарска помош биле пуштени од болницата во Пожега.

Тешко повредениот 19-годишник беше пренесен прво во болницата во Нова Градишка, а потоа и во клиничката болница Осијек, каде што почина во средата.