Под Бранковиот мост на шеталиштето пронајдена е девојка со повреди, за која постои сомнеж дека скокнала од мостот. Според неофицијални информации на Нова.рс, лекарите од итната помош го пренеле девојчето на реанимација.

Едно младо момче, кое минувало со тротинет, веднаш запрело и истрчало кон неа за да ја спречи да скокне од мостот, но не стигнал на време.

-Жената само ја спушти чантата и се фрли, момчето пред мене на тротинетот се обиде да ја стигне, но веќе беше доцна – изјави еден од очевидците на немилиот настан.

Истрагата е во тек.