Одличен пет имаат граѓаните во однесувањето за празниците. Нема прејадени граѓани, ниту граѓани кои претерале со пиење на алкохол за велигденските празници, објавува Канал 5 телевизија.

Вакви мирни празници во Клиниката за токсикологија немало со години, објаснуваат докторите. Од петокот до денеска имало околу 130 прегледи, но најчесто граѓани кои имаат проблеми со крадиоваскуларниот систем стегање во градите.

Кај еден пациент вчера со висока телесна температура му бил потврден ковид, но е полесен пациент.

Примерни биле и граѓаните во сообраќајот и расправиите меѓу себе. Од МВР велат дека за празниците немало тешки сообраќајни незгоди и алкохолизирани возачи, оние кои имале инциденти во сообраќајот се граѓаните кои најчесто возат со неприлагодена брзина. ОД МВР велат дека најмногу треба да се внимава и да се вози со прилагодена брзина.

Од Клиниката за токсикологија апелираат граѓаните да внимаваат со јадењето на месото, јајцата и во наредните денови.