Познатиот пејач Џенан Лончаревиќ по 25 години брак се разведува од сопругата Самира, која славниот пејач никогаш не ја покажа во јавноста откако е на јавната сцена.

Џенан од почетокот на кариерата ја криел неа и неговите синови од јавноста и медиумите, па до денес не се знаеше името на жената со која бил во брак.

Сега Самира се огласи и проговори за разводот со пејачот.

– Точно е дека се разведуваме. За сè што следи ќе одлучи судот. Засега првото рочиште не е закажано. Не можам однапред да зборувам за исходот, бидејќи 25 години заеднички живот не се малку, а имаме и две деца. Но, за жал, во денешно време не сме ниту први, ниту последни на кои ова им се случува – изјави Самира.