Во Германија драстично се зголемува цената на маслото за јадење откако Русија изврши инвазија во Украина.
Германските супермаркети ја зголемуваат цената, а на некои места истата достигнува и до пет евра.
„Не очекуваме ситуацијата да оди во правец во кој се разви. Нема да продаваме повеќе масло за јадење по 4,99 евра за литар, се оградуваме од тие цени затоа што сметаме дека постојат граници“, велат од малопродажниот синџир „Едека“.