Почина Џери Ли Луис, легендарниот американски музичар познат по раните рокенрол хитови „Great Balls of Fire“ и „Whole Lotta Shakin’ Goin’ On“, соопшти неговиот претставник.
Луис починал во својот дом во американската сојузна држава Мисисипи, јужно од Мемфис, јавува Си-Ен-Ен. Имаше 87 години.
Претставникот на музичарот изјави за Си-Ен-Ен дека Луис починал од природна смрт.
Неговата седма сопруга Џудит била со него кога тој починал, изјави претставникот. Според информациите, пејачот во последните денови и рекол на сопругата дека не се плаши од смртта и дека мирно ја дочекува.