На социјалните мрежи е објавено видео, на кое наводно се гледаат чеченски војници во руската армија кои се подготвуваат за молитва. Наводно, тие се наоѓаат на границата на Украина и Белорусија, а наскоро треба да се приклучат на нападите врз Киев.

На видеото кое беше објавено се гледа како војник го учи повикот за молитва(езан). Зад него се десетици Чеченци во маскирни униформи, кои се наоѓаат во шумата, наводно на украинско-белоруската граница.

Потсетуваме, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров претходно изјави дека Украинците се измислена нација, како што рече рускиот претседател Владимир Путин. Кадиров побара од Путин да го води нападот на Киев.

На социјалните мрежи утрово се појави и снимка на која се вели дека 10.000 чеченски војници се подготвени да ја нападнат Украина како поддршка за руските сили. Засега не е потврдена веродостојноста на овие снимки.

🎥