Вистинската филмска потера се случи по должината на авенијата Дарлендс во Велика Британија, покажуваат снимките од една безбедносна камера.
Автомобилот забрза преку кружен тек со целосна брзина, удира во паркирано возило и бандера и застанува таму.
Наскоро пристигнува полициско возило со ротација, но возачот успеа да избега додека полицијата се приближуваше да му помогне на повредениот патник.
-Ние имавме среќа што мојот автомобил беше паркиран на тоа место, инаку возилото што леташе ќе завршеше во нашата дневна соба, рекол сопственикот на удрениот автомобил.