На социјалните мрежи се шири видео од ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел ја ракетирал палестинската територија со фосфорна бомба.

На видеото објавено на Twitter се гледаат две врсти чад – бел и црн, за кој корисникот на социјалната мрежа кој го објави видеото тврди дека е доказ дека Израел фрлил фосфорна бомба, што е забрането со Женевската конвенција од 1980 година. Автентичноста на снимката и тврдењата за овој тип на бомба не се потврдени.

Меѓу сите запаливи материи што се користат во запалива муниција, белиот фосфор зазема посебно место. Тоа се должи на неговите уникатни хемиски својства и пред сѐ поради температурата на согорување, која достигнува 800-1.000 степени Целзиусови.

Друг важен фактор е способноста на оваа супстанција спонтано да се запали при интеракција со кислород во воздухот. Кога гори, белиот фосфор ослободува густ отровен чад, што исто така предизвикува изгореници на внатрешниот респираторен тракт и труење на телото.

Доза од 0,05 до 0,1 г е фатална за луѓето, а во зависност од количината може да стопи човечко месо.