Дваесет и петгодишна жена во српското населено место Лебане пријавила смрт на својата двегодишна ќерка, која, како што тврди мајката, не се разбудила од сон.

Полицијата веднаш извршила увид, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац наложило обдукција на телото на девојчето, пренесува РТС.

Директорот од Центарот за социјални работи во Лебане, Драган Цветковиќ, изјави дека семејството било под надзор на стручни служби.

Жената е мајка на четири деца, од кои двете постари се сместени во хранителско семејство, додека со мајката, освен починатото девојче, живеело и осуммесечно момче.

Таткото на децата е сезонски работник надвор од местото каде живеат.

Екипи од Центарот за социјални работи го посетиле семејството вчера, само неколку часа пред трагедијата.