Целиот свет зборува за шлаканицата што францускиот претседател Емануел Макрон (47) ја доби од сопругата Брижит (72) за време на официјалната посета на Виетнам.
По експертите за говор на телото, беа ангажирани и експерти за читање од усни за да протолкуваат што претходело на инцидентот.
Потегот на првата дама на Франција непосредно пред слетувањето од претседателскиот авион во Ханој ги исполнува насловните страници на светскиот печат и ги „окупира“ главните позиции на порталите.
Самиот Макрон, во изјави кратко по инцидентот, рече дека „само се шегувал“ со сопругата, како што прават „доста често“ , и негираше дека имало какви било семејни несогласувања.
Сепак, британските таблоиди не оставија сè на случајноста. Откако „Дејли меил“ ангажираше експерт за говор на телото за да го „дешифрира“ однесувањето на првата дама, на ред дојде „Дејли експрес“ и експерт за читање од усни.
Според експертот, Брижит го кренала гласот за време на разговорот со својот сопруг .
Што му рече Брижит на Емануел?
Откако атмосферата се олади, и тоа многу брзо, додека тие сè уште беа на врвот од скалите, Макрон застана за таа да го фати за рака, но првата дама го игнорираше тоа и се држеше за оградата додека се симнуваа по скалите.
Додека поминуваше покрај него, таа промрмори нешто што, според експертите, беше фразата: „Губи се од тука, губитнику!“ .
На 40-тата секунда од видеото погоре, можете да чуете што шепотеа сопружниците по скандалот што го обиколи светот.