Вистинско чудо е што никој не загинал во експлозијата.
Сите оние кои се плашат од плин во автомобилот по ова видео уште повеќе ќе веруваат во поговорката „готви на плин, а вози на бензин“. И навистина, оваа теза е валидна, но под еден услов.
Станува збор за погрешно поставена плинска инсталација, односно незаконско поставување на делови без никаков сертификат, што е случај кај овој автомобил.
Несреќата се случила на 16 март во предградието Форталеза, во североисточниот дел на Бразил, кога експлодирал резервоар за плин при завршувањето на полнењето.
И покрај експлозијата која буквално го уништи Фолксвагенот, вработениот во плинарата и сопственикот на возилото поминале без повреди.
По експлозијата јасно се гледа ширењето на горивниот млаз кој вработениот го запира со исклучување на пумпата. Интересно е што резервоарот за гас кој наводно летал околу педесетина метри, не бил пронајден.
Истрагата утврдила дека сопственикот поставил неисправна плинска инсталација и не ја поминал задолжителната безбедносна проверка. Исто така, вработениот не проверил дали системот е исправен пред да го полни плинот.