Дербито меѓу Бенфика и Рајн-Некар Левен заврши со победа на гостинскиот тим од 36-35, но мечот ќе остане запаметен и по еден од најчудните голови во Европската лига.

Бенфика тргна во против-напад во 11. минута од мечот, при што еден од ракометарите на домашниот тим погоди пречка, а потоа следеше необичен момент кога топката падна врз глава на голманот и заврши во неговата мрежа.