Шпанската полиција уби маж кој мавтал со нож пред центарот за вакцинација во Мадрид.
Според локалните медиуми, маж од Африка дошол во центарот за вакцинација вооружен со нож. Кога луѓето кои чекале да се вакцинираат виделе дека е вооружен, го предупредиле персоналот на контролниот пункт, кој ја затворил вратата.
Лут што не можел да влезе во вакциналниот пункт, мажот наводно им се заканувал на случајните минувачи додека не дошла полицијата и отворил оган врз него кога се обидел да нападне еден од полицајците.
A 35-year-old Sub-Saharan man is killed by the National Police near a health center in Madrid, Spain, Villaverde district, who threatened several passers-by with a large kitchen knife. pic.twitter.com/BKRtclrOWs
— Moises Lopez (@chapoisat) November 5, 2021
Полицијата потврдила дека инцидентот се случил. “Еден човек нападнал полицаец кој бил принуден да пука во него. Бидејќи напаѓачот не застанал, пукале и други полицајци”, соопштила полицијата.
Напаѓачот починал на лице место, а медиумите јавуваат дека еден полицаец е расечен по раката.
#EXCLUSIVA7NN Momentos después de que la Policía tuviera que abatir a tiros a un inmigrante nigeriano que había enloquecido con un cuchillo.
El atacante entró a un centro de salud en Villaverde, (Madrid), se resistió e hirió a un agente.
"¡SAMUR urgente!" pic.twitter.com/12lQ4zL8sd
— 7 Noticias (@7nn_Tv) November 5, 2021
Шпански Ел Паис јавува дека се работи за 35-годишен маж со „субсахарско потекло“ кој има досие во полиција. Некои од очевидците изјавиле дека човекот изгледал како бездомник со проблеми.