Шпанската полиција уапси маж под сомнение дека сексуално нападнал новинар за време на директен пренос на телевизиска програма. Иса Баладо известувала за грабеж во Мадрид кога маж ѝ пришол и како што може да се види на видеото ја допрел за задникот.
Баладо се обидела да продолжи да известува, но водителот од ТВ студиото ја прекинал врската. „Иса, прости ми што те прекинав… Но дали навистина те фати за задникот? праша Начо Абад.
Новинарката го потврдила тоа, а Абад и рекол да го сними „идиотот“, по што камерата се поместила за да ја прикаже новинарката и мажот кој стоел до неа насмеан.
„Колку и да сакате да прашате на кој канал сме, дали навистина требаше да ми го допрете задникопт? Водам емисија во живо и работам“, му рекла Баладо пред ТВ камерата. Мажот негирал дека ја допирал, а додека се оддалечува ја допира нејзината коса.
Полицијата подоцна соопшти дека е уапсен маж за наводниот напад на новинарката, пишува Би-Би-Си. Медиасет Еспана, сопственик на информативната програма, издаде изјава во која ја изразува својата поддршка за Баладо по „апсолутно неподносливата ситуација“ што ја доживеа и „категорично отфрла каква било форма на вознемирување или агресија“.
"Do you really have to touch my ass?”
Yesterday, journalist Isa Balado was in the middle of a live report in Madrid when a man approached her from behind & sexually assaulted her, grabbing her bottom
He was arrested soon after👇#MeToo #TimesUp #SeAcabópic.twitter.com/fZaS1gXGmo https://t.co/eGr8EtwfXS
— Stefan Simanowitz (@StefSimanowitz) September 13, 2023
🇪🇦 | MediaSet en vez de retirar de la zona a Isa Balado después de ser agredida por un hombre extranjero, le manda quedarse allí para encontrarse nuevamente con su agresor. pic.twitter.com/uNgQCyhtow
— CIU Cuerpos Institucionales y Ciudadanos Unidos. (@Cuerpospolicia1) September 12, 2023