Вербален инцидент се случи денеска во Благоевград меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носеше звучник од кој одекнуваа патриотски песни.
Инцидентот се случи по отворањето на клубот кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев.
Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани застанаа во одбрана на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и почнаа да извикуваат „Македонија, Македонија“.
Македонците од Бугарија во одбрана на Мицкоски кој беше нападнат од провокатор! pic.twitter.com/pRFSD6ZJ2y
— Курир (@KurirMK) October 30, 2022