Кога гром удира во дрво, најчесто се појавува пожар, а истото може да се случи и во куќа и во други градби. Од друга страна, автомобилот делува како Фарадеев кафез и го насочува електрично празнење околу патниците.

Затоа сите во автомобилот се безбедни, а единствената штета може да се забележи на бојата, понекогаш на гумите. Електронските делови на опремата исто така може да бидат оштетени.

Канзас го зафати силно невреме, а на едно аматерско видео беа снимени силни удари од гром проследени со продорен звук сличен на истрел од огнено оружје. Се гледа силна светлина, а потоа во еден момент гром удира во џипот пред возилото со камерата.

Има последици за возилото, а најсериозно е што е „спржена“ електрониката на автомобилот. Во описот на видеото се вели дека во џипот имало четиричлено семејство и дека никој не е повреден.