Членот на Научниот совет на Владата на Хрватска, Гордан Лауч, коментирајќи ја веста дека вчера за само неколку часа се удавиле три лица на Јадранот, на Фејсбук напиша дека дека во последните два дена се удавиле повеќе луѓе, отколку што починале од корона.

-Капењето треба веднаш да се забрани. Тоа е поопасно од короната, напишал Лауч.

Во Хрватска вчера за неколку часа се удавија три лица на Јадранот, а едно лице почина од вирусот корона.