Дуелот меѓу АЗ Алкмар и НЕЦ Најмеген беше прекинат во 87. минута откако фудбалерот на гостите, Бас Дост колабираше на теренот.
Триесет и четиригодишниот Дост беше стрелец за својот тим во 11. минута, а асистираше за голот на Матсон во 31. минута.
Во самиот финиш на натпреварот тој падна на теренот. На почетокот никој на теренот не разбра што се случува, но за среќа тоа траеше само неколку секунди пред судијата да го прекина натпреварот.
На трибините владееше молк, а играчите на двата тима го опколија за да не може да види што се случува.
Лекарските екипи веднаш влегоа на теренот, а откако му укажаа помош, на носилки Дост беше изнесен од теренот. Тој им сигнализираше на навивачите дека е добро.
34. годишникот е поранешен играч на Волфсбург, Ајнтрахт Франкфурт и Спортинг Лисабон.
Засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба.
AZ Alkmaar – NEC Nijmegen maçında Bas Dost bir anda yere yığıldı, çevresi sarıldı.
Kötü bir şey olmamasını umuyoruz 🙏🏻 pic.twitter.com/TloFLSGT4n
— Football Critix (@footballcritix) October 29, 2023