Стравична несреќа се случи денеска во Земун во која шофер загуби контрола врз автобус со број 45 и влета во детско игралиште и притоа повреди четири лица.

Најтешко мина двегодишно девојче кое се здобило со тешки повреди на главата и моментно е на реанимација. Како што истакна градоначалникот на Белград, Зоран Радоичиќ, девојчето е сместено на интензивна нега на детската клиника „Тиршова“ и се наоѓа во свесна состојба. Останатите три повредени лица се малолетници на возраст од 11, 15 и 15 години.

Надзорните камери го забележија целиот момент во кој шоферот не успеа да го „фати“ свиокот, а случаен минувач среќно успеа да го избегне автобусот и да се спаси од сигурна смрт.

Возачот на автобусот е уапсен по несреќата која, според првичните информации, дошла како последица на откажување на кочниците.

– Несреќата се случи во 13.40 часот. Автобусот е стар четири години, помина технички преглед. Возачот не побегнал, бидејќи такви информации се појавиле во некои медиуми, туку отишол кај диспечерот кој е во близина за да ја пријави несреќата. Неговиот разговор со полицијата е во тек – изјави за Телеграф.рс, Драго Тошиќ, директор на конзорциумот на приватни превозници.

Според очевидци за Еуроњус Србија, автобусот ја пробил оградата од игралиштето, каде што во тоа време имало деца.