„Што може да тргне наопаку“. Под овој наслов, снимката е објавена на платформата ItemFix.

Не знаеме кој е главниот лик (претпоставуваме дека е Русин), но она што го направи засекогаш ќе „циркулира“ на социјалните мрежи.

Во првите секунди, момчето се мачи да ја стави сијалицата во устата (можеби тоа е некаков предизвик?!), а потоа се случува нешто неочекувано.

Сијалицата пука и поголемиот дел останува заглавена во усната шуплина! Инаку, момчето го пренесувал „настапот“ во живо.

Додека тој очајно (и неуспешно) се обидува да го извади заглавениот дел, гледаме како публиката се забавува, додека смешковци само експлодираат.

Епилогот од приказната не го знаеме, бидејќи типот го остава телефонот и си оди, а веруваме дека го решил „проблемот“.